Екипата на Вардар 1961 забележа тешка победа против Охрид со 28-26 во 1. коло од плеј-офот во Супер лигата.
Целиот меч беше неизвесен, на полувреме Охрид имаше предност од 12-13. Во вториот дел Вардар успеа да се врати за на крај да слави победа против Охрид.
Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Жереми Тото со шест погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Филип Николов со осум погодоци.
(фото-Вардарфанс)📷