Охрид донираше за Ева (ФОТО)

Иако вчерашниот натпревар заврши со нерешен резултат, сепак на крајот имаше победник на дербито Охрид и Алкалоид.

“Победи нашиот Охрид, победивте Вие, Охриѓани! Победи Вашата хуманост, победи заедништвото и сплотеноста во поддршката за најважната битка на нашата Ева! Охрид и Охриѓани биле, се и ќе останат хумани!”, – објавија од ГРК Охрид.

Охриѓани одговорија на апелот, па така на вчерашниот натпревар беа собрани парични средства во износ од 223.860,00 денари, кои во текот на наредните денови ќе бидат уплатени на сметка на Ева.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *