На свечена церемонија „Спортист на годината 2025“, организирана од Општина Охрид, двајца ракометари од ГРК Охрид заслужено добија значајни признанија за своите врвни остварувања.
ГРК Охрид е спортски колектив на годината, Тилен Стрмлјан најдобар странски спортист кој настапува за екипа од Охрид, а Илија Трајчески спортска надеж, во изборот на Општина Охрид на најдобрите од спортот во Охрид за 2025 година.
“Овие признанија се уште една потврда на посветеноста и заложбите на клубот постојано да се подобрува, надградува и успешно и достоинствено да го претставува Охрид на домашната и Меѓународната спортска сцена”, – објавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷








