Составот на Охрид забележа сигурна победа на гостувањето кај екипата на Куманово, откако го совлада со високи 35-20.
Тимот на Охрид од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така немаше проблеми околу победата против Куманово.
Најефикасен во тимот на Охрид беше Никола Стоилевски со пет гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Дарио Симоноски со четири гола.
(фото – ГРК Охрид)📷