Екипата на Охрид на социјалните мрежи објави дека се раздели со пет ракометари, а најави и дека ќе има тренерски промени во првиот тим и младите категории.
Тимот на Охрид им се заблагодари на: Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов.
Исто така во тренерските позиции на клубот во сите категории ќе следуваат одредени измени и ротации.
(фото – ГРК Охрид)📷