Екипата на Охрид забележа лесна и висока победа против екипата на Радовиш со убедливи 35-17 во Супер лигата.
Составот на Охрид во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултатот, па на крај немаше проблеми со тимот на Радовиш.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Стефан Петриќ и Дарко Ѓукиќ со по шест гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Бобан Каковски исто така со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








