Охрид на 9 јануари стартува со подготовките

Екипата на Охрид ја стартува втората полусезона на 9 јануари. Екипата 10 дена ќе биде во Србија на зимски припреми.

Од 9 до 16 јануари екипата ќе е во Врбас, Србија, каде што ќе одигра и еден пријателски натпревар на 13.01.2026 со екипата на Врбас.

На 17 и 18 јануари екипата ќе биде дел од 5. издание на турнирот “Вук Рогановиќ” во Белград, каде што игра полуфинале со екипата на Динамо Панчево (Србија), а другиот ден се играат натпреварите за место.  Останати учесници на Турнирот се екипите на Партизан (Србија) и Тримо Требње (Словенија).

На екипата на Охрид во овие припреми ќе и недостасуваат Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ кои ќе бидат дел од Европското првенство и настапуваат за Србија, односно Хрватска.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *