Ракометарите на Охрид го совладаа тимот на Тиквеш со минимални 22-21 во натпревар од 10. коло во плеј-офот од Супер лигата.
Во текот на целиот натпревар се играше гол за гол, но на крајот од натпреварот поуспешен беше тимот на Охрид.
Најефикасен во составот на Охрид беше Гал Цирар со шест гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасни беа Арнад Хамзиќ и Страхиња Симиќ исто така со по шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷