Екипата на Охрид забележа победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 33-28 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Охрид имаше водство и добра игра во текот на целиот натпревар и на крај да оствари сигурна победа против Бутел Скопје.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Ален Ќосевски и Никола Ристески со по седум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Дејан Михајловиќ со осум гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








