Ракометарите на Охрид забележаа победа против Еурофарм Пелистер 2 со конечни 26-23 во 1. коло од плеј-офот во Супер лигата.
Екипата на Охрид од почетокот на натпреварот имаше водство, па на полувреме замина со предност од 14-11. Во второто полувреме Охрид продолжи со водството, па на крај успеа да го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Најдобри стрелци кај екипата на Охрид беа Дрогришки и Цирар со 7 гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најдобар стрелец беше Стоилевски со 8 гола.
(фото – ГРК Охрид)📷