Охрид победнички против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Охрид забележаа победа против ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со 26-21 во натпревар од плеј-офот во машката Супер лига.

Охрид успеа да го скрши отпорот на Еурофарм Пелистер 2 и на пауза да замине со предност од 12-10. Во второто полувреме Охрид продолжи со добрата игра, па на крај да слави победа против Еурофарм Пелистер 2.

Најефикасен во тимот на Охрид беше Гал Цирар со 12 погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасни беа Богдан Мијушковиќ и Мартин Ивановски со по 4 погодоци.

(фото – ГРК Охрид) 📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести