Екипата на Охрид потпиша со младиот босански репрезентативен голман Берин Бркиќ до 2026 година.
Тој 19 години (190цм и 82кг) и доаѓа од екипата на Борац Бања Лука. Дел од сите младински репрезентативни категории за Босна и Херцеговина, како и на поширокиот список за сениорската репрезентација.
“Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид. Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го пратев Охрид претходната сезона и има стварно добар тим и некои од соиграчите ги познавам. Се надевам ќе славиме многу победи,” – изјави Берин Бркиќ.
(фото – ГРК Охрид)📷