Во седиштето на Европската ракометната федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепка за Европскиот Куп во машка и женска конкуренција.
Македонија ќе има три претставници во натпреварувањето на Европскиот Куп, а тоа се: Охрид, Бутел Скопје и Тиквеш.
Екипата на Охрид за противник го доби Баку од Азербејџан, додека тимот на Бутел Скопје за противник го доби Дуделанж од Луксембург, а Тиквеш ќе игра против Бешикташ од Турција.
(фото – ГРК Охрид)📷