Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше одржана ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп во машка конкуренција.
Екипата на Охрид го доби противникот во осминафиналето од Европскиот Куп, а тоа е екипата на Дукла Прага од Чешка.
Првиот натпревар ќе се игра во Охрид на 14 или 15 февруари, додека реваншот ќе биде на 21 или 22 февруари во Прага (Чешка).

(фото – ГРК Охрид)📷








