Охрид против Слога Добој од Босна и Херцеговина во 3. коло од Европскиот Куп

Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за 3. коло од Европскиот Куп во машка конкуренција.

Екипата на Охрид за противник во 3. коло од Европскиот Куп ја доби екипата на Слога Добој од Босна и Херцеговина.

Првиот натпревар ќе се одигра на 15 или 16 ноември во Охрид, а реваншот ќе се одигра на 22 или 23 ноември во Добој (Босна и Херцеговина).

(фото – ГРК Охрид)📷




Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *