Екипата на Охрид се засили со десното црногорско крило Балша Чејовиќ.
Чејовиќ иако има само 22 години, има голема кариера зад себе. Има настапувано за Морнар во својата држава, за Паок и Диомидис во Грција и Бенидорм во Шпанија.
Има настапувано во сите младински категории за Црна Гора, а беше и на поширокиот состав за европското првенство оваа година за сениорската репрезентација.

(фото – ГРК Охрид)📷








