Охрид се засили со Ориол Реј Моралес од Шпанија

Екипата на Охрид од следната сезона ќе биде подобар во одбраната со најдобриот шпански дефанзивец во АСОБАЛ лигата за 2024/2025.

Ориол Реј Моралес е новиот член на тимот на Охрид кој се обврза на миниум две годишен договор.

Специјалистот за одбрана доаѓа по одличната сезона во Гранољерс (Шпанија) во Европската Лига и во домашниот шампионат. Реј кој има 31 година (190цм) освен во тимот на Гранољерс, шест сезони беше дел од моќната Барселона и настапи во Лигата на шампионите и две сезони во франуското првенство и настапи во ЕХФ Европската Лига со тимот на Пау Аикс.

Има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и освоена бронза на европското првенство У21 во 2014/15. Има настапи и за моќната Шпанија на пријателски натпревари и турнир во Катар и секогаш на поширокиот состав за сениорскиот тим.

(фото – ГРК Охрид)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *