Пред почетокот на последниот натпревар од сезоната 2024/2025 од Супер лигата, ГРК Охрид им изрази благодарност на тренерот Стевче Алушовски и седум ракометари.
Тоа се играчите: Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Матсуока, Горан Крстевски и Каио Винициус, кои, по завршувањето на првенството си заминуваат од клубот.
“Клубот им упатува благодарност за нивниот придонес и се што направија за екипата”, – објавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷
.