Екипата на Охрид стигна до победа на домашен терен против тимот на Тинекс Пролет, откако го совлада со резултат 28-19.
Охрид добро го отвори натпреварот, па до полувремето обезбеди предност од 12-8. Во второто полувреме Тинекс Пролет се обидуваше да се врати, но бодовите останаа во Охрид.
Најефикасен во тимот на Охрид беше Дејан Шешиќ со шест гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Ласко Андоновски со пет гола.
(фото – ГРК Охрид)📷