Екипата на Охрид забележа висока победа против екипата на Врбас со конечни 40-21 на пријателски натпревар.
Тимот на Охрид уште на полувреме имаше високо водство од 22-13, па така во второто полувреме лесно се справи со тимот на Врбас.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Џанфранко Прибетиќ со седум гола и Томислав Јагуриновски со пет гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








