Охрид славеше победа против Тиквеш

Екипата на Охрид забележа висока и убедлива победа против екипата на Тиквеш со конечни 32-23 во плеј-офот од Супер лигата.

Составот на Охрид од почетокот на натпреварот направи високо водство, па на крај да слави победа против Тиквеш.

Најефикасни кај екипата на Охрид беа Гоце Ојлески и Гал Цирар со по шест гола, додека кај Тиквеш најефикасни беа Ани Обина, Мартин Манасков и Кристијан Анастасовски со по четири гола.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *