Екипата на Охрид забележа висока победа против екипата на Тиквеш со убедливи 42-25 во натпревар од Купот на Македонија.
Составот на Охрид победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 23-12.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Џанфранко Прибетиќ со девет гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Димитар Коцев со пет гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








