Охрид славеше против Будва на пријателски натпревар

Екипата на Охрид се наоѓа на подготовки во Црна Гора, и го одигра првиот пријателски натпревар против екипата на Будва.

Најдобри стрелци на натпреварот беа Филип Николов со 12 гола и Мице Шилегов со постигнати 8 гола. Јагош Брауновиќ го сочува голот и заокружи 8 интервенции.

Охридските ракометари во петок и сабота ќе одиграат уште два натпревари против екипата на Ловќен од Цетиње.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.