Екипата на Охрид забележа победа против екипата на Динамо Панчево со конечни 27-20 на турнирот “Вук Рогановиќ”.
Составот на Охрид имаше водство и на полувреме со конечни 14-11, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај го совлада Динамо Панчево.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Анте Иванковиќ со седум гола, додека на голот одличен беше Кристијан Пилиповиќ со 13 одбрани.
(фото – ГРК Охрид)📷








