Екипата на Охрид слави победа против Алкалоид, откако на домашен терен го совлада со 30-26 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Охрид од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така на пауза имаше предност од 16-9. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Охрид, па на крај да триумфира против Алкалоид.
Најефикасен во тимот на Охрид беше Гал Цирар со 14 погодоци, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Дамјан Митев со 7 погодоци.
(фото – ГРК Охрид)📷