Екипата на Охрид забележа победа против Прилеп со 30-21 во натпревар од Супер лигата.
Охрид добро го започна натпреварот, и на полувреме имаше водство од 14-9. Добрата игра на Охрид продолжи и во вториот дел на натпреварот, за на крај да се радува на победа охридскиот тим.
Најефикасен во екипата на Охрид беше Стефан Додиќ со осум погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Марко Трајковски со шест погодоци.
(фото-ГРК Охрид)📷