Охрид со подарок за градоначалникот Кирил Пецаков

Во знак на благодарност за големата поддршка благодарение на што ГРК Охрид оваа сезона избори пласман во европските купови, клубот на Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков му врачи симболичен подарок – дрес, потпишан од сите играчи.

Подарокот му го врачија капитенот Иван Тасески и искусното крило Крсте Андоновски, а моментот беше овековечен со заедничка фотографија на сите ракометари од клубот.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.