Тимот на Охрид оствари победа против екипата на Вардар Неготино со конечен резултат 27-21 во Супер лигата.
Охрид добро го започна натпреварот, па успеа на полувреме да замине со предност од 12-9. Во второто полувреме тимот на Вардар Неготино пружеше отпор, но не доволно, за победа против Охрид.
Најефикасен во тимот на Охрид беше Владимир Бојаниќ со шест погодоци, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Петре Пеовски со осум погодоци.
(фото – ГРК Охрид)📷