Охрид триумфално против Тинекс Пролет до 3. место на турнирот “Крсте Андоновски – Усташ”

Екипата на Охрид го освои 3. место на турнирот “Крсте Андоновски – Усташ”, откако триумфираше против екипата на Тинекс Пролет со резултат 27-23.

Во првото полувреме Тинекс Пролет го презеде водството и на пауза замина со предност од 15-13. Во второто полувреме екипата на Охрид направи пресврт против Тинекс Пролет, за на крај да се радува на победа.

Најефикасен во тимот на Охрид беше Владимир Бојаниќ со осум погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Томислав Јагуриновски со седум погодоци.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.