Екипата на Охрид го совлада тимот на Тинекс Пролет со конечен резултат од 32-29 во Супер лигата.
Тимот на Охрид и на полувреме имаше предност од 18-14. Во второто полувреме Тинекс Пролет успеа да парира, но сепак бодовите останаа за тимот на Охрид.
Најефикасен во тимот на Охрид беше Гоце Ојлески со седум гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски исто така со седум гола.
(фото – ГРК Охрид)📷