Екипата на Охрид забележа убедлива победа против екипата на Тиквеш со високи 31-19 во Супер лигата.
Тимот на Охрид во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта, па на крај да слави убедлива победа против Тиквеш.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Николаос Лиапис со шест гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Богдан Мијушковиќ исто така со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








