Екипата на Охрид забележа висока и убедлива победа против екипата на Слога Добој со конечни 37-19 во 3. коло од Европскиот Куп.
Тимот на Охрид во текот на целиот натпревар имаше висока предност, па на крај да стигне до убедлива победа против Слога Добој.
Најефикасни во екипата на Охрид беа Стефан Петриќ и Дарко Ѓукиќ со по осум гола и Томислав Јагуриновски со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








