Екипата на Охрид забележа висока и убедлива победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 33-20 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Охрид и на полувреме имаше високо водство од 16-9, па така и во второто полувреме продолжи со високото водство за на крај да слави против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Никола Ристески со шест гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Мохамед Азиз исто така со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








