Охрид ќе биде домаќин на Ф4 турнирот од Купот на Македонија на кој ќе настапат екипите на Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Вардар и домаќинот ГРК Охрид.
Ждрепката за паровите од полуфиналето ќе се одржи на 21 мај. Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 31 мај, а финалето на 1 јуни. Сите натпревари ќе се играат во салата „Билјанини Извори“, во Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷