Се изврши ждрепката за четвртфиналето од Европскиот Куп во машка конкуренција за сезоната 2025/2026.
Екипата на Охрид ќе игра против екипата на Олимпијакос од Грција. Првиот натпревар ќе се одигра на 28/29 март во Атина, а реваншот во СРЦ „Билјанини Извори“ на 04/05 април во Охрид.
Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра против победникот од Целје (Словенија) и Бузау (Романија).

(фото – ГРК Охрид)📷








