Охрид ќе организира фан зона пред натпреварот со Потаиса Турда во Европскиот Куп

Подгответе се за добра забава што ќе ја загрее атмосферата пред натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп помеѓу ГРК Охрид и Потаиса Турда, што ќе се одигра во сабота, 19 октомври, во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 19 часот.

За добрата забава ќе се погрижи Dj Face кој ќе настапи во Фан зоната која специјално ќе биде отворена за оваа прилика пред спортската сала во 16 часот. Во склоп на истата ќе биде отворен и Фан шоп каде ќе можат да се купат дресови, маици, шалови, привезоци и други брендирани сувенири со логото на ГРК Охрид.

“Ја известуваме јавноста дека oд утре карти ќе се продаваат и на билетарата при спортската сала и тоа во петок од 9:30 до 15:30, а во сабота од 10:30 до почетокот на мечот. Вратите пред натпреварот ќе бидат отворени во 17:30 часот. Апел до сите љубители на ракометот навреме да пристигнат за да се избегнат непотребни гужви и да можат непречено да ги заземат своите места, бидејќи седиштата се нумерирани”, – изјавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *