Павле Атанасијевиќ повреден, ќе следуваат дополнителни прегледи

Ракометарот на Македонија, Павле Атанасијевиќ на натпреварот со Аргентина се здоби со повреда, која не е од сериозен тип.

Атанасијевиќ по натпреварот со Аргентина веднаш беше пренесен во болница во Краков, каде беа направени лекарски прегледи.

По првичните прегледи на ракометарот Павле Атанасијевиќ, се работи за контузија (набиеница) на местото каде што го здобил ударот. Повредата не е од сериозен тип. Во наредните денови ќе следуваат и дополнителни прегледи.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.