Екипата на Еурофарм Пелистер 2 објави дека го продолжи договорот со босанскиот ракометар Павле Петровиќ.
Павле Петровиќ кој настапува на позицијата десен бек го продолжи договорот на една година.
“Рк Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека го продолжи договорот со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ. По успешните две сезони, во кои со екипата ги исполни зацртаните цели, десниот бек денес стави потпис на нов едногодишен договор. Особено задоволство ни е што Петровиќ во Битола се чувствува како дома и веруваме дека заеднички ќе се радуваме на успеси и во иднина. Петровиќ за првпат ќе го предводи тимот на Еурофарм Пелистер 2 во европските клупски натпреварувања во сезоната 2022/23,” – изјавија од Рк Еурофарм Пелистер 2.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷