Екипата на ПАОК каде што настапуваат двете ракометарки од Македонија, Марија Николиќ и Александра Боризовска стана шампион на Грција.
ПАОК беше подобар од Неа Јонија во клучниот натпревар од финалето и славеше со 26-25, а Марија Николиќ на овој натпревар имаше постигнато еден погодок.
Претходно ПАОК го освои и Купот на Грција.
(фото-ЖРК ПАОК)📷