Екипата на Партизан Гевгелија ја совлада екипата на Текстилец со конечни 31-28 во натпревар од плеј-аутот во Првата лига.
Иако на полувреме Текстилец имаше водство од 16-15, во второто полувреме Партизан Гевгелија направи пресврт и успеа да дојде до победа.
Најдобар стрелец во тимот на Партизан Гевгелија беше Димитар Минов со осум гола, додека кај екипата на Текстилец најдобар стрелец беше Васе Петров со 12 гола.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷