Екипата на Партизан Гевгелија забележа победа на гостувањето кај Текстилец со минимални 40-39 во Првата лига.
Тимот на Партизан Гевгелија и на полувреме имаше водство од 22-14. Во второто полувреме Текстилец се врати, но сепак на крај Партизан Гевгелија се избори за победа.
Најефикасен во тимот на Партизан Гевгелија беше Горан Лисичков со 13 погодоци, додека кај Текстилец најефикасен беше Филип Џинес исто така со 13 погодоци.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷