Екипата на Партизан Гевгелија дојде до победа на домашен терен против екипата на Овче Поле со резултат 37-33.
Тимот од Гевгелија на полувреме имаше предност од 17-14. Во второто полувреме Овче Поле попушти, па на крај Партизан Гевгелија се радуваше на победа.
Најефикасен во тимот на Партизан Гевгелија беше Илија Роглев со девет погодоци, додека кај екипата на Овче Поле најефикасен беше Бојан Гичев со 13 погодоци.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷