Екипата на Партизан Гевгелија успеа да слави против Овче Поле со 26-23 во плеј-аутот од Првата лига.
Иако на полувреме резултатот беше нерешен со 14-14, сепак во второто полувреме Партизан Гевгелија успеа да направи водство и да триумфира против Овче Поле.
Најефикасен кај Партизан Гевгелија беше Горан Лисичков со седум гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Стојанче Ристов со пет гола.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷