Екипата на Партизан Гевгелија забележа победа против екипата на Преспа Вардар со резултат 42-33 во Првата лига.
Тимот на Партизан Гевгелија уште во првото полувреме имаше контрола на резултатот, па на крај да слави победа против Преспа Вардар.
Најефикасен во редовите на Партизан Гевгелија беше Горан Лисичков со 13 погодоци, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Никола Тасевски со 9 погодоци.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷