Екипата на Партизан забележа убедлива победа против Веспрем со 39-24 во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата.
Тимот на Партизан од почетокот на натпреварот имаше водство, па на пауза обезбеди висока предност од 21-11. Второто полувреме беше само формалност екипата на Партизан да ја завери високата победа против Веспрем.
Најефикасен во тимот на Партизан беше Никола Зечевиќ со осум гола, додека кај екипата на Веспрем најефикасен беше Марко Еклемовиќ со седум гола.
(фото – Рк Партизан)📷