Ракометната Федерација на Полска, на нивната веб страна соопшти дека Патрик Ромбел повеќе нема да биде селектор на машката сениорска репрезентација на Полска.
Одлуката на Ракометната Федерација на Полска е поради тоа што селекцијата имаше лош пласман на Светското првенство 2023 година, каде репрезентацијата заврши на 15. место.
“Со одлука на Ракометниот сојуз во Полска, договорот со селекторот Патрик Ромбел нема да биде продолжен. Ви благодариме за досегашната работа со репрезентацијата и ви посакуваме среќа во понатамошната тренерска кариера”, – стои во соопштението од Ракометната Федерација на Полска.

(фото – Ракометна Федерација на Полска)📷