Ракометарките на Пелистер славеа победа во пелагониското дерби против Деспина со минимални 22-21 во Женската Супер лига.
Тимот на Пелистер и на полувреме имаше минимална предност од 12-11. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, но сепак бодовите останаа за екипата на Пелистер.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со 13 гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со 7 гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷