Ракометарките на Пелистер успеаа да слават против Чаир со резултат 32-27 во Женската Супер лига.
Домашната екипа имаше солидна предност на полувреме од 18-14. Во второто полувреме ракометарките на Пелистер, продолжија со исто темпо како во првото полувреме, за да се радуваат на победа против Чаир.
Најефикасна во екипата на Пелистер беше Моника Босилковска со 13 погодоци, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Ленора Рахмани со пет гола.
(фото-ЖРК Пелистер)📷