Ракометарките на Пелистер забележаа висока победа против ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 31-20 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Составот на Пелистер победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 12-5.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со седум гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева исто така со седум гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷