Ракометарките на Пелистер лесно стигнаа до триумф против тимот на Шампион со резултат 34-22 во натпревар од Женската Супер лига.
Пелистер до крајот на полувреме имаше солидна предност од 18-10. Во второто полувреме беше јасно дека на овој натпревар Пелистер ќе биде победник против Шампион.
Најефикасна во тимот на Пелистер беше Сандра Корлевска со седум гола, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Анастасија Митова исто така со седум гола.
(фото – ЖРК Пелистер)📷